Не сакате да вежбате – излезете на прошетка: Еве што се случува со вашето тело кога редовно пешачите

Доколку не сте љубители на тренирањето и теретаната, дури и една прошетка може да биде од корист ако сакате да се ослободите од вишокот килограми – но не само за тоа!

Вежбањето е многу важно за одржување на здравјето бидејќи физичката кондиција го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања и дијабетес, пишува „Healthline“. Но, не сите се подготвени редовно да тренираат, па затоа експертите истакнуваат дека дури и прошетката е одличен облик на физичка активност. Покрај тоа, таа е бесплатна, достапна за повеќето луѓе и не носи со себе ризик од повреди.

Што сè се постигнува со пешачење?
Пешачењето согорува калории
Во истражувањето на Државниот универзитет во Калифорнија, чии резултати се објавени во 2012 година во магазинот „Journal of Strength and Conditioning Research“, експертите го измериле бројот на калории кои луѓето со просечна кондиција ги согоруваат по одење и по трчање. Станува збор за брзо одење (5 км. на час) и трчање (9,5 км. на час), а резултатите покажаа дека оние кои оделе со брзо темпо, согорувале повеќе од 130 калории по километар.

Пешачењето ги чува мускулите
Кога луѓето го намалуваат внесот на калории и слабеат, тие често губат дел од мускулната маса заедно со телесните масти. Бидејќи мускулите се метаболички поактивни од мастите, ова не е добра вест, бидејќи повеќе мускули помагаат да согорите повеќе калории. Според „Healthline“, вежбањето, вклучително и одењето, може да помогне во сузбивање на овој ефект со зачувување на мускулите во процесот на губење на тежината. Дополнително, ова ќе ви помогне да ги одржите резултатите откако ќе изгубите тежина, а редовното вежбање исто така може да го намали губењето на мускулите поврзано со годините.

Пешачењето ги намалува маснотиите на стомакот
Складирањето на маснотии во централниот дел од телото е поврзано со зголемен ризик од болести како што се дијабетес тип 2 и срцеви заболувања, а еден од најефикасните начини за намалување на салото на стомакот е редовното вежбање.

На прво место се аеробните вежби, како што е пешачењето.
Во мала студија на корејски експерти од Универзитетот Сунгкјункван, објавена во 2014 година во медицинското списание „Journal of Exercise Nutrition & Biochemistry“, биле следени дебели жени кои пешачеле 50-70 минути, три пати неделно, во период од 12 недели. Во просек, тие го намалиле обемот на половината и телесните масти, како и поткожното и висцералното масно ткиво, во споредба со контролната група.

Пешачењето го подобрува расположението
Според „Healthline“, физичката активност го намалува стресот, депресијата и анксиозноста и го прави мозокот почувствителен на невротрансмитерите серотонин и норепинефрин, кои дополнително помагаат во ослободувањето на ендорфинот, односно чувството на задоволство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.