Не се докажувај и не се правдај пред другите

Изреката вели: ‘Силата произлегува од смиреноста’. Како да се биде смирен, спокоен, здрав, радосен и продуктивен? Одговорот на ова прашање е едноставно: Да се биде едноставен. Тоа подразбира да се соеднини емотивната, интелектуалната и духовната енергија.
Како? Ево неколку предлози како да се биде смирен и продуктивен:
Да се вежба заборавање. Покрај помнењето, на нашата среќа и успех влијае вештината на заборавање. Заборавање на неуспехот, навредата, непријатноста, омаловажување, грешка итн. А сето тоа по принцип: Да ја научиме лекцијата- забораваме и одиме понатаму.
Да се биде умерен, односно во се’ да се има мера. Науката за токсикологија вели дека мерата е таа која одредува дали некоја супстанца е отров или лек.
Да се биде она што сме и другите луѓе да ги прифатиме такви какви што се.
Да се прифатат ситуациите и настаните.
Од време на време да се направи ‘генералка’ во главата
Да се мисли средено и дисциплинирано.
Да се ослободиме од стравовите, грижата, вознемиреност, комплекс, немир, напнатост и чувство на вина.


Да се практикува креативна и духовна тишина.
Да се верува.Бог нема да ни даде ништо повеќе од она во што веруваме.Тој сакада ни даде многу, но не може да не’ примора да прифатиме повеќе отколку што верата во него допушта.
Да се молиш, да прифатиш,да бидеш благодарен, да простуваш.
Длабоко да дишеш, физички и умствено да се опуштиш.
Да се тргаме од луѓе и ситуации кои не’ вознемируваат( емотивно, физички и духовно)
Да избереме она на што му даваме значење и на што му даваме внимание.
Да се биде свесен за можноста и слободата на избор.
Да се ускладиш со себе. Она што зборуваме и правиме мора да биде во склад со она што мислиме и чувствуваме.
Да се живее во склад со вистината
Да не се наметнува на другите мислење.
Не мора да се биде во право.
Да си дозволите себе си да немате мислење или став за одредена појава, личност, ситуација..
Да си дозволите себе си промена на ставот.
Да се ослободиш од очекувања. Да не бараш од другите да се однесуваат во согласност со вашите очекувања.
Да се исфрлат изговори.
Не ја обвинувајте околината, родителите, околностите, судбината..
Да се превземе одговорност.
Да се практикува љубов, љубезност и милост.
Да се контролираат реакциите- самоконтрола.
Да не се лутиш и да не се жалиш премногу.
Да се ослободиш од условување.
Да не се споредуваш со другите.
Да го негуваш оптимизмот, трпението, надежта и ентузијзмот.
Да негуваш истрајност, флексибилност, волја и посветеност.
Да негуваш морал.
Правилно да размислуваш и расудуваш бидејќи погрешното размислување и расудување водат кон погрешни заклучоци, а тие пак кон погрешни одлуки. Еден мудрец рекол: ‘Оној кој без расудување се расфрла со зборови,колку и да се правилни, прави зло’.
Да не им робуваш на работите и луѓето.
Помири се со фактот дека луѓето, работите и околностите доаѓаат и си одат, т.е само поминуваат низ животот.
Да се негува самодовербата, самосвесноста и самопочитувањето.
Да не се докажуваш и да не се правдаш со другите.
Да се биде храбар.
Да се направи врска со природата.
Да се направо врска со себе

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.