Не се работи за мода: Вистинската причина зошто постарите жени имаат кратка коса

Косата старее заедно со целиот организам
Она што често можете да го видите е дека постарите жени генерално имаат кратка коса.
Иако можеби мислите дека тоа е мода, се работи за сосема друга работа.
Факт е дека косата кај жените, но и кај мажите старее. Со текот на времето, станува многу тешко да се одржува во уредна состојба – таква што не укажува на стареење на целиот организам. И тоа станува се потешко.
На пазарот можете да најдете различни производи за коса против стареење, а секогаш постои опција за боење за покривање на седата коса. Но, вистината е малку поинаква: речиси ниту еден производ не може да ја направи косата што остарела погуста или посјајна.
Затоа е секогаш подобро да ја скратите, но да продолжите да се грижите за неа и секогаш да се трудите да изгледате уредно.
Ова не е причина да се срамите бидејќи е сосема нормален процес низ кој поминува секоја жена. Особено кога ќе влезат во менопауза, косата на жените станува поретка, влакното потенко и склоно кон оштетување. И најдобро е да ги прифатите таквите промени и да уживате во процесот.
Исто така, бојата може многу да ја оштети косата на постарите жени. На старата коса и недостига влага, косата е склона кон опаѓање и кршење, а бојата само придонесува за тоа.
Меѓутоа, не само жените се осудени на стареење на косата, туку и мажите поминуваат низ истиот процес.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.