Не смеете да ги занемарите овие знаци доколку сакате здрава љубовна врска!

Здравата врска вклучува доверба, почит, отворена комуникација и искреност меѓу партнерите. Сепак, покрај овие постојат и други подеднакво важни елементи кои не смеете да ги занемарите особено доколку сакате да имате среќна врска.


Престанавте да разговарате еден со друг.
Размислете кога последен пат разговаравте со партнерот за нешто друго освен за децата или за работата? Кога последен пат зборувавте за некоја значајна тема? Сепак, важно е не само да се разговара за „прашањата“, туку и да се зборува за добрите работи. Работите што прават да се чувствувате поврзани, што ве тера да се чувствувате заинтересирани еден за друг. Она што отсекогаш ве терало да се смеете заедно. Така, ако забележите дека вие повеќе не разговарате еден со друг, ако вашите разговори се состојат само од зборување за децата и/или карање, тогаш дефинитивно ова е една од оние работи што никогаш не треба да ги игнорирате доколку сакате здрава врска.

Не смеете да ги занемарите овие знаци доколку сакате здрава љубовна врска!

Ги игнорирате заедничките проблеми.
Тенденцијата да ги игнорирате проблемите и наместо тоа да се фокусирате на помалку важните работи може да придонесе за влошување на вашата врска. Понекогаш можеби и се залажувате двајцата дека кога-тогаш тие ќе се решат и дека е потребна трпеливост. Имајте на ум дека нема да постигнете ништо доколку продолжите да го одложувате нивното решавање и дека колку побргу се справите со нив толку подобро.

Сами донесувате одлуки.
Едностраниот процес на донесување одлуки е дефинитивно една од оние работи кои никогаш не треба да ги игнорирате доколку сакате здрава врска.

Врската не е на вашата листа на приоритети.
На кое место од вашата листа со приоритети би ја поставиле вашата врска? Дали би ја ставиле на првото, третото или петтото место? Обидете се да размислувате за вашата врска како да ја работите својата работа. Мора да одите на работа секој ден и да се фокусирате на работните задачи за да бидете продуктивни и добро да ги завршите. Можете ли да ја имате истата перспектива и во вашите односи? Можете ли да запомните дека е важно да работите на нив секој ден за тие да бидат подеднакво продуктивни?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.