Не успеа планот на групата на Мицкоски: Скопје почна да се движи, автобусите на ЈСП се вратија на улиците

По изгласувањето на субвенциите на Град Скопје за ЈСП на вонредна седница, градот повторно се раздвижи.

Попладнево на улиците повторно се вратија автобусите.

Претходно со 22 гласа „за“, ниту еден глас „против“ и 11 „воздржани“, на вонредната седница на Град Скопје не беше изгласана одлуката за субвенционирање на ЈСП со 11 милиони евра.

За да се изгласа одлуката недостигаше само еден глас, бидејќи за да биде изгласана одлуката потребни се 23 гласа.

– Одлуката за давање субвенции не е донесена. Со тоа дневниот ред на седницата е исцрпен – кажа претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.

Автобусите на ЈСП почнуваат од попладнево да возат, со што практично ќе ја остварат третата смена до полноќ.

Овој пресврт се случи откако беше изгласана одлуката за субвенции за цела 2024 година од 485 милиони денари, со 25 гласови „за“, без ниту еден глас воздржан и против.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска им соопшти на вработените од ЈСП Скопје дека се изгласани субвенциите и им порача дека нема потреба да се грижат бидејќи ќе има ЈСП Скопје пари за плати.
Информацијата беше поздравена од 50-та вработени кои останаа до крај да дознаат дали утре платата за декември ќе легне на нивните сметки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.