Не ја фрлајте кората од мандарините: Три рецепти за домашни лекови

Декември е месец кога понудата на мандарини во локалните пазари и продавници е најразновидна и најприфатлива, а она што многумина не го знаат за ова цитрусно овошје е дека е исклучително корисно за здравјето, не само овошјето, туку и кората!

Мандарините се богат извор на витамини, антиоксиданси и други корисни материи. Една од здравствените придобивки на ова овошје е тоа што, бидејќи расте на дрво, не содржи тешки метали и радионуклиди кои можат да се акумулираат во почвата. Како прво, ова е една од причините зошто никогаш не треба да ја фрлате кората од ова овошје.
Експертите наведоа неколку рецепти кои се покажаа како многу корисни за одредени заболувања.

Руската докторка Ирина Волкова вели дека сувата кора најчесто се користи во медицината за подготовка на лековити чаеви.

-Го подобрува варењето, го поттикнува апетитот и генерално го зајакнува организмот. Етеричните масла, фитонцидите и флавоноидите помагаат во лекувањето на болестите на бронхопулмоналниот систем, објасни Ирина.

Не ја фрлајте кората од мандарините: Три рецепти за домашни лекови

Надуеност
Исушената кора од мандарина сомелете ја во мелница за кафе и додајте ја во свежото сирење, кашата и другите јадења. Јадете по една лажичка по оброк.

Бронхитис
Истурете две супени лажици сецкана, сува кора во една ипол чаша врела вода. Гответе на тивок оган 5 минути, а потоа покријте и оставете да отстои еден час. После тоа, процедете. Земете половина шолја топол чај 2-3 пати на ден, половина час пред јадење.

Сува кашлица
За полесно искашлување на секретот насобран во грлото земете 2 лажици сечкана кора и измешајте со 1 чаша ракија (или водка). Оставете една недела на темно место, па процедете. Земете 20 капки во чаша вода 3 пати на ден пред јадење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.