Нивната мајка си го одзеде животот, сега нивниот татко е во затвор: Ќеркичката на Панки не престанува да плаче по татко и

По апсењето поради малверзација со кредитна картички на Сашо Кимовски-Панки, неговата помала ќерка Каја секој ден чека да се врати татко и, и не престанува да плаче – открива 1тв.мк.
Извори на 1ТВ откриваат дека ова е уште еден тежок удар за девојчињата. Тие во 2014 година ја загубија мајка им која сама си го одзема животот.


По нејзината смрт, ептен се збилижиле со Панки, посебно помалата ќерка Каја, која секој ден го бара татко и да си дојде дома. Постарата ќерка Јана е средношколка, а помалата Каја оди во основно училиште. За нив се грижат нивни блиски роднини.
Како што на многумина веќе им е познато, Панки пред една седмица беше уапсен на грчката граница и најверојатно ќе биде естрадиран пред судот во Германија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.