Под закрилата на паниката што ја создаде епидемијата од корона со сите наши попатни локални курназлаци за виење ора без маски, верски собир во Струга без физичка дистанца, полициски спотови за триста евра, објавување на нови прислушкувани разговори, изливи на манија на величина на еден од обвинетите во „Рекет“ кој се гледа како реинкарнација на Тито во проевропско руво, се случува нешто што е галиба многу пособлазнително од горенаведеното. Тоа се веќе отворените уцени од официјална Бугарија упатени кон нас. Или ќе признаете дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот или ние ставаме вето на вашиот влез во ЕУ. Како шлаг на тортата сакаат да се откажеме од македонското малцинство кое живее во Бугарија, барање кое ни го поставија и Грците, ако се сеќавате, а ние позитивно им одговоривме. И најитно што можевме. И се изгушкавме со нив братски.
Внимавајте овие уцени не се веќе дело само на еден дубиозен тип како Каракачанов, иако е дел од бугарската влада, па властите во Скопје да се вадат на реториката: А бе пушти го него, толку му сече, не е важен! Иако сериозна држава веднаш ќе реагираше уште на првите негови испади по ова прашање, токму затоа што тој, како висок владин функционер, сигурно не настапуваше во свое име, туку во име на таа држава која има многу поголема специфична тежина и километража од нашата во секој поглед и секако такво самоволие не би допуштила. Сепак власта во Скопје се правеше на дваипол, додека Бугарија не запука од сите хаубици.
Сашо Тасевски: Опа, сега дојдовме до казни за неносење маски!
Ковачев од Европскиот парламент, Захариева како министерка за надворешни, Бугарската академија на науките и пешадијата од разни други политичари од партијата на Борисов.
ПРОДОЛЖУВА НА НАРЕДНАТА СТРАНА:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.