И секако, да не го заборавиме советникот на Љубави. Тој им се најде ептен. Коњак во џамлии, за време на нивниот брутален и отворен напад: Вашиот политички врв потпишал договор со нас, има да го почитувате! Опа, значи затоа не реагирале нашиве од сектата „Ќе ни биде“. Добро, не дека ние останатите не знаевме дека власта на чело со СДСМ потпиша Договор за добрососедство со Бугарија, ама изгледа во него имало и некоја страничка плус, на која власта се потпишала и под нешто кое го скрила за нашата јавност. Не може поинаку да се толкува оваа канонада од Софија, зарем не? Мора нешто крупно да си ветил кое од икс причини до сега си требал да го исполниш, а не си го исполнил. Може дека избори се ближат, па не е баш многу паметно да се побугарчуваш пред избори. Ама не пресметале дека на Бугарите им е дојден зортот. Изгледа се малку нетрпеливи и бараат што поскоро оној што ветувал да го исполни ветувањето.
А што ветил, оние околу Борисов отворено кажуваат. Бришење на македонскиот јазик како посебен јазик и клоца во дебелото месо на Македонците кои живеат во Бугарија. А дека тоа го ветил е повеќе од јасно, зашто од наша страна не стигна никаков демант на бугарската канонада, напротив еден од врвот на партијата на власт, онака како што само тој знае, ноншалантно како да зборува за марули, чушки и френки рече нешто во фазон: Е добро де, тоа што сме потпишале мора да исполниме до крај!
Џанам, дај нека каже еднаш отворено што потпишале. Оти не остана веќе ниту еден глупав меѓу нас. Освен неколку апологети на власта, глупоупорни пискарала по фејсбук и владините портали. Поголемиот дел од членството на СДСМ не верувам дека не разбира во каков опасен виор сме втурнати од два-тројца нивни сакани функционери кои одамна се Радио-Милева на странски држави и нивни заштит(е)ни лица. За пари, за кариера или од глупотија, а може и за трите во едно. Внимавајте, ЗАШТИТ(Е)НИ ЛИЦА кои не работат за интересите на Македонците. Напротив. Во некоја нивна наивна или со умисла первертирана политичка либерална визија за глобален свет со обединета Европа, Македонија не мора да биде Македонија, ниту пак Македонците мора да бидат Македонци кои зборуваат македонски. Зашто сме едно со Европа, нели? Што е важно што си во таа апотеоза и рај на братство и благосостојба?
Првата фаза од нивната опасна игра „уривање на столбовите на идентитетот на еден народ“ ја спроведоа успешно. Промена на името. Тука им наместија пенал на Грците. На ред е втората, бришење на македонскиот јазик како посебен. Затоа Бугарите, баш за време на оваа паника од
короната накитена со многу локални псевдо настани и фолклорни курназлаци, кога нашата држава е во вонредна состојба и полициски час, поминаа во голема офанзива. Да се земе на јуриш тоа што отсекогаш било планирано во нивната специјална војна кон нас. Планирана барем во последните триесет години, откако Бугарија дозна дека некогашната СФРЈ ќе отиде во парампарче. Дури и нивното признавање на нашата држава во ОН, како први во светот, нешто што постојано ни го триеја на глава како доказ за добрите намери кон нас, сега излезе дека било вовед во таа специјална војна, камуфлажа за нивната вистинска цел. Пак да го пуштат духот од ламбата наречен Сан Стефано. Затоа другарчињата на оваа власт и Убавото Момче од кариера и никогаш не ни ја признаа посебноста на македонскиот јазик и народот.
Сичко е добре, имајте вие држава, ама во којашто живее бугарски народ кој зборува дијалект на бугарскиот јазик. Тоа во дипломатијата или политичката мисла се нарекува НЕПОТПОЛНО ПРИЗНАВАЊЕ и е исто толку понижувачки за жртвата-народ како и целосното непризнавање, а жртвата ја изолира и ја доведува во опасност нејзината безбедност. Точка. Ова е тоа што конечно треба да го разберат Македонците, а особено оние од СДСМ кои им плескаат со рачињата на двајца-тројца сомнителни типови меѓу нив.
ЕДИНИЦАТА 731 или КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА СВЕТОТ ПО ПАНДЕМИЈАТА НА КОРОНА
Зашто овоаа одлично организирана и добро планирана специјална војна на Бугарија нема да запре како пандемијата, онака , преку ноќ. Еееееј, нема веќе заразени! Кривата е сега права! Уште да ни шибнат вакцина и да отпееме една, откако ќе фрлиме две ракии! Никако Аца Лукас! Сега сме модерни! Може бетовеновата Девета да ја дадеме хорски! Не деца, овие другарчиња се опасни луѓе, нема да замолчат. Зарем не видовте милата ни ЕУ како им даде знак на своите бугарски браќа да не молчат тука да бараат и да бараат и да бараат. Видете вие во Скопје побрзо да го решите спорот со Бугарија, па бујрум во ЕУ! Не рече, видете и вие во Софија, туку ВИДЕТЕ ВИЕ ВО СКОПЈЕ.
ПРОДОЛЖУВА НА НАРЕДНАТА СТРАНА:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.