Никнаа првите растенија на Месечината

На темната страна на Месечината никнаа растенијата засадени овој месец од кинеската сонда Чанг Е-4, што е прв таков случај во историјата на човештвото, соопшти Ккинеската национална вселенска агенција.
– Ова се добри вести. Овој успех укажува дека можеби во иднина нема да има големи проблеми за астронаутите да одгледуваат свои посеви во контролирани услови на Месечината, изјави австралискиот астроном Фред Вотсон.


Растенија претходно успешно се засадени на Меѓународната вселенска станица, но тоа е првпат на површината на Месечината. Тоа би значело дека астронаутите ќе можат да „произведуваат“ храна и на нашиот природен сателит, но и каде било во Вселената.
Кинеските државни медиуми објавија дека се работи за памучно семе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.