Никогаш не пијте кафе во овие два часа во денот

Посегнувањето по свежо кафе наутро е практика за повеќето луѓе, но според експертите, тоа може да ви направи повеќе штета отколку корист.

Кофеинот го зголемува вниманието и будноста со зголемување на количината на хормонот на стрес кортизол во човечкото тело. Проблемот е што кортизолот природно се зголемува кога човек ќе се разбуди наутро, што значи дека пиењето кафе во тоа време има негативен ефект бидејќи дополнително го активира лачењето на кортизол.

Луѓето кои пијат кафе во рок од два часа по будењето, всушност ги прават нивните тела имуни на кофеин.

Првото кафе најдобро е да го пиете дури откако ќе падне нивото на кортизол, кое во повеќето случаи е помеѓу 9:30 и 11:30 часот. Со ова се согласува и нутриционистката Сара Бруер, која вели дека идеалното време за кафе е точно во 10 часот. Ова, секако, важи за луѓето кои се будат во 7 или 8 часот наутро.

„Вашето ниво на кортизол е највисоко помеѓу половина час и два часа по будењето. Тоа е моментот кога е навистина лошо да се пие кафе бидејќи кофеинот го имитира одговорот на стресот и предизвикува кортизолот да се зголеми уште повеќе“, објасни нутриционистката.

Ако пиете кафе барем два часа подоцна, нема да се чувствувате вознемирени и анксиозни. Исто така, се советува да не пиете кафе доцна навечер бидејќи, повторно од истата причина, може да имате потешкотии со спиењето.

„Последното кафе задолжително испијте го пред 17:30 часот“, вели нутриционистката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.