Сочната лазања е едно од најпознатите јадења на италијанската кујна. Лесно се подготвува, а укуто се памети долго време. Ви донесуваме едноставен рецепт за овој специјалитет.
Состојки:
1 глава кромид1 млад кромид30 мл масло450 г мелено свинско месо1 лажичка солмалку црн пиперполовина лажичка бел пипер500 мл доматно пирецела кеса кора од лазањи3 лажици брашно и малку масло за бешамел сосот650 мл ладно млеко и малку сол и бибер по вкус200 г моцарела
Подготовка:
Во масло пропржете ситно исечкан црн кромид и праз. Додадете мелено месо, зачини (сол, црн и бел пипер) и продолжете со динстање.Истурете го доматното пире и оставете да крчка на тивок оган околу 30 минути. Пропржете го брашното во малку масло, потоа постепено додавајте го ладното млеко, мешајќи постојано. Гответе додека не се згусне, додадете сол и бибер по вкус . Кратко варете ги корите 3 минути , а потоа префрлете ги во ладна вода. Во намастен плех наредете: фил од месо, кори, бешамел сос и повторете ја постапката . На последниот слој месо додадете рендана моцарела, бешамел сос и наросете со босилек. Печете во претходно загреана рерна на 200°C околу 40 минути, додека не добие златна кора . Оставете кратко да се олади пред сервирање.
The post Никогаш не сте пробале посочни лазањи: Едноставен рецепт за италијански специјалитет appeared first on Во Центар.



