Иако постојано зборуваме колку е важно да се внимава на исхраната – нема да погрешите ако овој рецепт го пробате барем еднаш.
Состојки:
– 300 мл. млеко или вода
– 15 гр. свеж квасец
– 2 лажици маслиново масло
– 1 лажица шеќер
– 500 гр. брашно
– сол
Подготовка:
Во млако млеко растворете го квасецот, додадете го шеќерот и измашајте.
Додадете ги маслото, брашното и солта и сето тоа замесете го со раце или миксер.
Тестото не смее да биде тврдо, туку средно меко. Ако тестото ви е тврдо, додадете малку млеко. Замесеното тесто покријте го со проѕирна фолија и крпа и оставете го на топло за да ‘порасне’.
Тестото ставете го на масата што сте ја посипале со брашно и завиткајте го во подолга кифла. Исечете го тестото на 6 еднакви парчиња (мерете на вага) и замесете ги со раце, формирајќи топчиња.
Покријте со фолија и крпа да отстојат 10 минути. Тестото развлечете го малку со раце како мала чинија, па завиткајте го во ролат за да се стеснат краевите. Спојте ги споените краеви на рацете. Наредете ги во плех.
Со остар нож исечкајте ги на 5-6 места по површината, па покријте ги и оставете ги да отстојат 20 минути. Изматете ги жолчките со една лажица млеко (може и само млеко) и премачкајте ги.
Печете на 200 степени околу 30-35 минути.
Ако сакате помек леб завиткајте го во крпа, ако сакате крцкав оставете го да се излади.
Уживајте во најубавиот мирис на домашен леб.