четврток, 12 ноември 2026
Најново

Никола Димитров се сретна со новоименуваниот амбасадор на Кралството Јордан

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонскиот министер за надворешни работа, Димитров, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Хашемитското Кралство Јордан во Република Македонија, Исмаил Иса Исмаил Рифаие. Тој му ги предаде копиите од акредитивните писма за неговото именување како вонреден и ополномоштен амбасадор на Хашемитското Кралство Јордан во Република Македонија, со седиште во Анкара.
-На средбата беше искажана подготвеност од двете страни за натамошно унапредување на меѓусебните односи, за што постојат реални предуслови и можности. Посакувајќи му срдечно добредојде и успех во дипломатската мисија, министерот Димитров изрази уверување дека амбасадорот Рифаие, со својот личен ангажман, ќе даде значаен придонес во понатамошниот развој на односите меѓу двете пријателски земји, соопшти Министерството за надворешни работи.

Поврзани вести