четврток, 12 ноември 2026
Најново

Никола Јокиќ откри што било првото нешто што го купил кога добил пари од НБА: „Не беше куќа, ниту стан…“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

За прв пат откако беше на големата сцена и откако успеа да стигне до највисоките нивоа во НБА, најдобриот кошаркар на денешницата, Никола Јокиќ, реши подетално да зборува за деталите од својот личен живот во подкастот „X&O’s Chat“ со познатиот коментатор Един Авдиќ.

Многумина го сметаат Никола Јокиќ за повлечен човек од народот, а во разговорот со Авдиќ, тој откри и што било првото нешто што решил да го купи кога добил посериозен договор во НБА лигата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Имено, тоа беше познатиот коњ што сè уште го гледаме на коњски трки денес, Дримчер. И после тоа тој само купи стан, куќа и сè друго…

– Мојот живот го промени првиот договор, каде што за прв пат почувствував малку пари. Прво го купив коњот, Dreamcatcher, а потоа ја отплатив Тојотата што ја имав во Мега. Подоцна купив стан, куќа, но Dream Catcher беше првото нешто што го купив, сè уште е во шталата – рече Јокиќ во подкастот „X&O’s Chat“.

Поврзани вести