Српскиот претседател Томислав Николиќ со указ го одликуваше рускиот претседател Владимир Путин со Орденот на Република Србија на голем синџир за „извонредни заслуги во развивањето и зацврстувањето на мирољубивата соработка и пријателските односи меѓу двете земји“, пренесува во понеделникот белградската агенција Танјуг.Српскиот претседател указот го потпишал на 22-ри февруари, како што известиле од неговиот кабинет, а со него со помалото признание Орден на Република Србија на лента се одликувани и претседателите на уште 11 држави, од кои повеќето поранешни советски, како што се претседателите на Белорусија, Александар Лукашенко, на Грузија, Михаил Саакашвили , на Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан и Украина.Со Орден на српското знаме од прв степен за посебни заслуги во развивање на меѓународните односи, Николиќ го одликувал и поранешниот министер за надворешни работи на Шпанија, Мигел Анхел Моританос.Српскиот претседател ги одликувал со Златен медал за заслуги во јавните и културните дејности италијанскиот новинар Фуливо Грималди и германскиот театарски и филмски актер Ролф Бекер, додека со сребрен медал се одликувани грчката новинарка Лијана Канели и швајцарскиот научник и еколог, Франц Вебер.
МакфаксСрпскиот претседател Томислав Николиќ со указ го одликуваше рускиот претседател Владимир Путин со Орденот на Реп