Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, објави дека нова авионска линија од Скопје до Ларнака, Кипар, ќе започне на 31 октомври.Николоски рече дека ова е 11-та линија во рок од 10 месеци, и дека, како што рече, субвенциите и политиките за развој на воздушниот транспорт даваат резултати.Целосното соопштение:„Од 31 октомври 2025 година започнува новата воздушна линија од Скопје до Ларнака (Кипар)!Ова е 11-та нова линија во рок од 10 месеци, резултат на политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Субвенциите и политиките за развој на воздушниот транспорт даваат резултати.„Продолжуваме да работиме на развојот на воздушниот транспорт во Македонија“, рече Николоски.
Пронајдете не на следниве мрежи:



