НИКОЛ КИДМАН ПРЕТЕРАЛА СО ОПЕРАЦИИТЕ?

Се чини дека Никол Кидман повторно направи естетски зафати на лицето, а новите фотографии од сетот на серијата „Лавица“ привлекоа внимание токму поради нејзиното искривено и „замрзнато“ лице.

Никол Кидман на Мајорка ја снима новата серија на продуцентската куќа Paramount, која ќе се вика „Лавица“, а објавени се и првите фотографии од сетот.

Кидман глуми висок надзорник на ЦИА, а најголемо внимание привлече токму нејзиното појавување на снимање. Актерката повторно го покажа презатегнатото и отечено лице, откако претходно беше критикувана за претерано „затегнување“ и „разубавување“.

Нејзиното прилично искривено лице во споредба со претходно изгледаше замрзнато. Таа претходно изјави дека немала естетска операција, но признала дека пробала ботокс.

„Пробав многу работи, но освен спортот и добрата исхрана, повеќето работи не прават разлика. Пробав дури и ботокс, но не ми се допадна како ми изгледаше лицето потоа. Сега веќе не го користам и повторно можам да го движам челото“, рекла актерката своевремено.

Нејзините обожаватели не се премногу задоволни од овие козметички зафати, со оглед на тоа дека Кидман е позната по својата природна убавина и порцеланскиот тен.

Покрај Кидман, и Морган Фримен се приклучи на актерската екипа на серијата „Лавица“, заедно со Зои Салдана, според Deadline.

Пронајдете не на следниве мрежи: