Никој веќе не сака да се грее на пелети. Рекламирано како најефтино греење, сега веќе не е исплатливо

Се повеќе граѓани се откажуваат од камините на пелети, а огласниците се преполни со огласи каде граѓаните ги продаваат по багателни цени со цел да се ослободат од нив.

Од пресметките боли глава. Некои луѓе работат и по 6 месеци за овие пари:

За затоплување на просторија од 50 квадрати се потребни 1,5 до 2 вреќи пелети за оптимална топлина. Доколку дневно трошиме по 2 вреќи пелети по просечна цена од 380 денари, вкупно за еден ден ќе потрошиме 760 денари.

Доколку трошиме 30 дена по 2 вреќи пелети, ова задоволство ќе не чини 22.800 мкд/месечно.
Доколку греење уклучуваме од 15 октомври до завршувањето на потребата за топлење на домот – 15-ти март, тоа се пет месеци, односно грубо земеме дека тоа биле 150 дена, и ако секојдневно трошиме по 2 вреќи пелети ќе потрошиме 114.000 денари односно речиси четири просечни плати.
Никој веќе не сака да се грее на пелети. Рекламирано како најефтино греење, сега веќе не е исплатливо

Овие скапи камини кои нови чинат над 700 евра станаа буквално прескапи за користење со оглед дека една вреќа пелети од 150-160 денари за вреќа сега се продава за 380, 400 денари, а на една бензинска пумпа од најголемиот ланец на бензински станици во Македонија затекнавме и цени од преку 400 денари за вреќа.

Минатата зима, но и ова лето не само што цените летнаа во облаци, туку и немаше пелети, па така многу граѓани мораа да бараат начин да го менуваат начинот на кој ќе го затоплат својот дом, па така атрактивни станаа инвертер клима уредите, но и многумина се вратија на традиционалниот начин на затоплување на домот со дрва.

Пронајдете не на следниве мрежи: