НИКОЈ НЕ ГЛЕДА ШТО СЕ СЛУЧУВА ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ Нетфликс го објави трејлерот за документарецот на Меган и Хари 

Нетфликс денеска го објави трејлерот за долгоочекуваниот документарен филм за принцот Хари и Меган Маркл.

Трејлерот беше објавен на каналите на сервисот за стриминг, а заедно со кратки разговори со Хари и Меган, беа објавени и досега невидени фотографии од парот. Во објавата може да се видат нивните селфиња, фотографии од венчавката на која немаше новинари, како и фотографии од војвотката во поодмината бременост со малата Лилибет која се роди минатата година.
Меган во трејлерот вели дека таа и Хари сакале да ја раскажат својата приказна. Трејлерот веќе нашироко се споделува на Твитер, а на Јутјуб за помалку од еден час собра 67.000 прегледи.

НИКОЈ НЕ ГЛЕДА ШТО СЕ СЛУЧУВА ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ Нетфликс го објави трејлерот за документарецот на Меган и Хари 

Трејлерот од една минута и 12 секунди се отвора со прашањето на продуцентот: „Зошто сакаш да го направиш овој документарец?“ пред да се појават повеќе од десетина фотографии на кои Хари и Меган поминуваат време заедно, но и со една слика од принцот и принцезата од Велс. Тогаш се слуша гласот на Хари како вели: „Никој не гледа што се случува зад затворени врати“, пред гледачите да видат фотографија од Меган во очај. „Морав да направам се што можам за да го заштитам моето семејство“, додава војводата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.