Ниту во лудило не комбинирајте кафе со овие намирници – тоа е ‘смрт’ за желудникот

Руската нутриционистка Нурија Дијанова открива со кои намирници кафето ‘никако не оди’.
Најлоша комбинација е кафе со чоколадо или алкохол, вели Дијанова.
Дури и да не чувствувате непријатност, со текот на времето може да се појават знаци на воспаление на хранопроводникот, предупредува Дијанова. Исто така, гастроентерологот не препорачува пиење кафе на празен стомак, што го прават повеќето луѓе во Македонија, бидејќи тоа влијае на лачењето на желудникот.
Притоа, докторката открила која комбинација се препорачува, а тоа е кафето еспресо со стек.
„Еспресото е поконцентриран пијалок, содржи органски киселини кои го подобруваат процесот на варење, подобро делуваат на „компактно“ месо заедно со желудечниот сок“, објаснува докторката.
Некое време по еспресото, Дијанова препорачува задолжително да испиете чаша вода за да ја надополните течноста во организмот, бидејќи кафето има диуретично дејство.
Сепак, лекарите предупредуваат дека прекумерното внесување кафе има негативно влијание врз здравјето, пред сè на срцевиот мускул, бидејќи бројот на отчукувања на срцето се забрзува по пиењето. Експертите забележуваат и дека една или две шолји кафе на ден нема да имаат негативен ефект.


Дополнителни совети за правилна исхрана од руската нутриционистка Нурија Дијанова:
Верувале или не, јајцата различно се апсорбираат во телото во зависност од начинот на готвење.
Јајцата се здрава намирница и содржат лесно сварливи протеини и корисни аминокиселини. Меѓутоа, придобивките може да варираат во зависност од начинот на подготовка, рекла руската нутриционистка Нурија Дијанова за радио „Спутник“.
„Ова е најдобриот протеин во рангот на протеини, лесно се вари и има идеален состав на аминокиселини, дури и подобар од месото. Жолчките содржат и лецитин кој влијае на видот и витамин А во идеална форма“, вели Дијанова.
Сепак, јајцата различно се апсорбираат во телото во зависност од начинот на готвење. Па така, според Дијанова телото најдобро го перципира омлетот. На второ место е јацето на око. Потоа следуваат варените, па пржените и сировите јајца.
Дијанова забележала дека омлетот е универзална храна и лидер во смисла на сварливост за телото. Советува да се прави омлет од едно цело јајце и неколку протеини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.