Напад на руски дрон врз украинскиот град Тернопил, едно лице загина, а четворица се ранети
Во вечерашниот напад со руски дрон врз украинскиот град Тернопил избувна пожар во станбена зграда, а има мртви и ранети.
Ова го соопштија локалните власти, пренесува Киев Индипендент.
Overnight, Russians targeted residential buildings in the western Ukrainian city of Ternopil, requiring the evacuation of around 100 people. Schools, shops, and cars were also damaged.
— KyivPost (@KyivPost) December 2, 2024
Rescue efforts are ongoing, and the number of victims is still being ascertained. pic.twitter.com/mrU1XiTIZY
Серхиј Надал, градоначалникот на Тернопил изјави дека дронот удрил во горниот кат на катната зграда, а пожарот целосно зафатил неколку ката, а останатите ги оштетил.
Итната помош соопшти дека во нападот загинало едно лице, а три лица се ранети.
Пожарникарите и спасувачките екипи работеа во текот на ноќта на гаснење на пожарот и помош на повредените, а беа формирани и привремени засолништа за раселените жители.
– Лекарите прават се за да ги спасат ранетите – изјави Надал.
Тернопил е град на западот на Украина со околу 225.000 жители.
Се наоѓа на стотици илјади километри од првите линии на фронтот и не е вообичаена цел на руските напади.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.