Ништо не фрлајте! Ако ви остане многу храна од Велигден – од неа направете нови оброци

Сигурно ви останале многу варени јајца, шунка, месо и друга храна од Велигден. Не го фрлајте, туку од остатоците направете нови јадења.
Извадете ја лушпата од варените јајца, исечкајте ги на парчиња и направете салата со аспарагус, пиперки, пченка, парчиња печено месо и тестенини.


Од преостанатата шунка можете да направите солени палачинки – испечете класични палачинки, потоа намачкајте ги со намаз од сирење, додадете шунка, рендано сирење, ролат и прелијте со павлака за готвење. Печете ги палачинките 15 минути на 200 степени.
Ако ви останале печени или варени компири, направете крокети, така што ќе ги исечкате компирите, додадете брашно, лебни трошки, јајце, млеко и зачини.
Крокетите обликувајте ги и испржете ги во масло или испечете ги во рерна доколку сакате малку поздрава варијанта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.