Отфрлена тужбата на бизнисменот орце Камчев, со која бараше Бојан Јовановски и Катица Јанева солидарно да му надоместат 1,5 милиони евра, за случајот „Рекет“.

Основниот Граѓански суд, соопшти дека со пресуда тужбеното барање е одбиено како неосновано.
Судијата – претседател на советот, во образложение на одлуката изјави дека „Странката која дејствувала несовесно не може да го бара назад она што го дала на странката која дејствувала исто така несовесно“.
„Странката која дејствувала несовесно, односно знаела дека чини нешто што е недопустливо, не може да го бара назад она што го примила од странката која дејствувала исто така несовесно“, стои во соопштението од судот.
Камчев бараше од Катица Јанева и Бојан Јовановски да му исплатат 1,5 милиони евра, кои наводно ги дал како рекет, откако претходно на едно од рочиштата тој ја повлече тужбата против Зоран Милески-Кичеец.
Пронајдете не на следниве мрежи:


