Новак е повторно на врвот на АТП листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно е светски рекет број еден по резултатите на Карлос Алкараз на турнејата во САД.

Карлос Алкараз го загуби првото место од Новко Ѓоковиќ по поразот од Јанико Синер во полуфиналето на Мајами.

Шпанскиот суперталент не ги одбрани 1000-те бодови освоени со ланската титула, полуфиналето му донесе само 640 бодови и го спушти на второто место. Сега Ѓоковиќ има 7160 бодови, подолу е Алкараз со 6780 бодови. Трет е Стефанос Циципас со 5770 поени.

Ѓоковиќ веќе го собори апсолутниот рекорд по број на недели на првото место, а сега само го зголемува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.