
По скандалот со Јелена Карлеуша Огњен Врањеш е префлен во резервниот тим на “Андерлехт“, а фотографијата која ја објави на својот Инстаграм профил предизвика бројни коментари.
Врањеш позираше во сако кое наликува на војничка униформа, со сериозен израз на лицето и без насмевка. Следбениците на социјалната мрежа забележаа дека изгледа нерасположено, по што следуваа коментарите. Некои го фалеа, други го напаѓаа заради аферата со поп-ѕвездата. Но никој не можеше да не забележи еден детаљ, па има и такви кои искоментираа дека ги потсетува на починатиот Мајкл Џексон.