четврток, 12 ноември 2026
Најново

Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во продолжение на акцијата против корупцијата, српската полиција уапси пет лица осомничени за перење пари и организиран криминал, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Според соопштението, осомничените се задржани во притвор до 48 часа и со кривична пријава се предадени на надлежното обвинителство.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во последниве месеци, полицијата низ Србија уапси десетици лица за злоупотреба на службена положба и корупција, а истрагите и акциите продолжуваат.

Паралелно со ова, низ повеќе градови во Србија продолжуваат протестите и блокадите со барања за одговорност за несреќата на Железничката станица во Нови Сад минатата година, кога загинаа 15 лица по уривањето на покривната конструкција.

Освен оставката на премиерот, во тек се повеќе истраги поврзани со реализацијата на инфраструктурни проекти во различни градови во Србија.

Поврзани вести