Нова облека – да се пере или не?

Една од работите што луѓето често ја прават е перење на новокупената облека и постелнина. Дали навистина има потреба од тоа?
Наоми Дејл Клајнман, претседател на одделот за дизајн на текстил во Њујоршкиот институт за модна технологија, вели дека перењето на новокупениот текстил не е навистина неопходно.
Сепак, таа додава дека тоа е многу препорачливо. Таа објасни и зошто.
– Текстилните производи може да содржат хемикалии кои остануваат од производствениот процес, како што е скроб што се користи за одржување на облеката. Постојат многу чекори низ кои ткаенината поминува пред да стигне до продавниците, па дури и природните влакна можат да бидат извор на иритација.
– Природните влакна при изработката на облеката бараат обработка со специјални лубриканти, па понекогаш се користат смола и скроб, особено во процесот на ткаење. Покрај тоа, сапун и натриум хидроксид се користат за перење и боење на облеката.
Професорката вели дека повеќето луѓе нема да почувствуваат никакви последици доколку не ја исперат облеката по купувањето. Меѓутоа, ако имате чувствителна кожа, хемиските остатоци може да предизвикаат чешање или иритација на кожата.
Таа препорачува при перење да се користи хипоалергенски детергент без токсини.
Се случува обоената облека, како фармерките, да испушти боја при првото носење, па може да ви го извалка мебелот, и затоа се препорачува перење на овие алишта, од превентивни причини.
Значи, перењето на новокупената облека и постелнина не е неопходно, но се препорачува, особено ако имате чувствителна кожа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.