Нова победа и рекорд на Тина Мазе

Тина Мазе стана првата натпреварувачка која во Светскиот куп во алпско скијање освоила повеќе од 2.000 бодови.Мазе ја надмина магичната бројка откако победи на спуст трката која се одржа во германскиот Гармиш-Партенкирхен.Словенката го собори рекордот на легендарниот Херман Мајер, кој пред 13 години го освои големиот Кристален глобус со рамно 2.000 бодови.Мазе до деветата победа оваа сезона дојде со време од 1:40.46 минути, што за 39 стотинки беше побрзо од времето на Американката Лорин Рос, додека Марија Хефл-Риш на третото место задоцни 50 стотинки.Мазе во генералниот пласман има 2.024 бодови, втора е Хефл-Риш со 970, а трета е Ана Фенингер од АВстрија со 784 бода. Најдобрите светски скијачки, во недела во Гармиш ќе возат супервелеслалом.
МакфаксТина Мазе стана првата натпреварувачка која во Светскиот куп во алпско скијање освоила повеќе од 2.000 бодови.

Пронајдете не на следниве мрежи: