Премиерот Христијан Мицкоски во денешниот говор на Конференцијата на УМС имаше нова скандалозна изјава во која обвини дека одредени граѓанските движења во градот прераснуваат во политички движења.
Со ваквата изјава тој ги навреди сите кои протестираат и бараат правда за починатите и повредените, како и самите родители на починатите деца.
Ова не е изолиран случај имајќи во предвид дека денес низа провладини медиуми излегоа со навреди за родителите во Кочани откако тие на последниот протест побараа оставка од Мицкоски, Тошковски и Сиљановска.



