НОВА СУРОВА РУСКА ТАКТИКА ВО УКРАИНА Војник забележал ЧУДЕН ПРАВ додека копал ров, а потоа искашлувал крв 40 дена; Патолозите: „Веќе имаме 14 сомнителни случаи“

Руските вооружени сили сè повеќе користат забранети хемиски агенси во војната против Украина, и покрај меѓународните конвенции што експлицитно ја забрануваат таквата употреба.

Според украинската војска, само во март оваа година се регистрирани 767 случаи на употреба на хемиски супстанции, вклучувајќи хлоропикрин и други неидентификувани хемикалии.

Украина бара извинување од „Фокс Њуз“ кој 20 минути емитуваше дека „Киев е руски град“

Бројките покажуваат нагло зголемување во споредба со ноември минатата година, кога беа регистрирани 166 вакви инциденти, пишува британскиот „Тајмс“.

Употребата на хемикалии како што се експлозиви што го содржат иритантниот гас CS, попознат како солзавец, на бојното поле е строго забранета со Женевската конвенција од 1925 година и Конвенцијата за хемиско оружје од 1997 година.

Трамп: Среќен Велигден на сите, па дури и на левичарските лудаци

И покрај ова, украинската војска тврди дека руските сили користеле забранети хемиски агенси повеќе од 7.700 пати досега од почетокот на инвазијата во 2022 година. Од тоа, дури 45 проценти се употребени во последните шест месеци.

Според сведоштвата на бојното поле, овие забранети хемикалии се користат за да се принудат украинските сили да се повлечат од утврдените позиции, да се онеспособат војниците и да се олеснат руските конвенционални напади.

Сето ова се случува во пресрет на евентуално примирје, додека Русија се обидува да обезбеди контрола врз окупираните региони за да има што е можно повеќе простор под своја контрола во случај на замрзнување на конфликтот.

Сведоштва од украински војници, лекари и патолози за „Тајмс“ укажуваат на сериозните последици од руските хемиски напади.

Наредник со кодно име „Хајка“ од 80-та воздушно-десантна бригада опиша напад со гас во регионот Донецк, во кој еден украински војник беше убиен, а петмина други страдаа од симптоми на труење, губење на видот, задушување, прекумерно солзење и лигавење.

– Никогаш не бевме во можност да утврдиме за каква супстанца станува збор бидејќи евакуацијата на телата и ранетите не беше веднаш можна поради непријателски оган – рече Хајка.

Преживеаните војници продолжиле да страдаат од бронхитис и други респираторни проблеми.

Сличен инцидент доживеал и водникот Виталиј Фортунов од 65-та механизирана бригада. Во битката за селото Роботјне во Запорожје во февруари, Фортунов ископал ровови за да ја подобри позицијата што неговата чета ја зазела од Русите.

Додека го правеше тоа, откри слој барут што бил разнесен во воздух со врвот на лопатата. По изложеноста, тој развил силна кашлица, висока температура и искашлувал крв 40 дена. Лекарите потврдија дека бил изложен на непозната хемиска супстанца.

Поручникот Сергеј Скибчик исто така вели дека Русите многу често смислуваат свои уреди за прскање, како што се пластични шишиња со различни елементи кои, кога се комбинираат или експлодираат, испуштаат аеросоли кои се смртоносни.

Загриженоста расте и кај патолозите. Во мртовечницата во Дњепарк, заменик-шефот на одделот за судска медицина, Сергеј Савченко, рече дека документирал најмалку 14 сомнителни смртни случаи во изминатата година.
Еден од најтешките случаи е војник познат како „Хмил“, кој завршил во несвест, со изгореници на кожата и тешкотии при дишењето откако бил нападнат од руски дрон во декември 2023 година, кој испуштил непозната сива супстанца.

Повеќето од војниците успеаја да ја стават гас-маската, но тој падна во несвест пред да може да го стори тоа.

Му беше дијагностицирана акутна респираторна инфекција, а подоцна и автоимун хепатитис.

И покрај бројните сведоштва и докази, Русија ги отфрла сите обвинувања како „неосновани“, а во исто време, без докази, ја обвинува Украина за употреба на забранети хемикалии.

Пронајдете не на следниве мрежи: