Централната изборна комисија (ЦИК) на Албанија соопшти дека излезноста на парламентарните избори до 14:00 часот. изнесуваше 29,53 отсто, пренесува албанскиот Топ чанел.
Од отворањето на избирачките места низ целата земја, 29,53 отсто од гласачите се изјасниле дека гласале, врз основа на извештаите од 2.276 избирачки места кои доставиле информации до ЦИК.
Споредено со излезноста на локалните избори пред две години има зголемување за околу 2,2 отсто, додека на парламентарните избори пред четири години излезноста до 14 часот. изнесуваше 35,62 отсто.
Утрово во 7 часот беа отворени избирачките места за парламентарните избори во таа земја на кои право на глас имаат вкупно 3,7 милиони граѓани, а за првпат во гласањето учествува и дијаспората.



