НОВА ТРАГЕДИЈА ВО СЕМЕЈСТВОТО ФИЛИПОВИЌ: Мајката на загинатата Јелена го усмртила пешакот на мостот „Гоце Делчев“

Нова трагедија во кумановското семејство Филиповиќ. Како што дознава „Слободен печат“, во сообраќајката во која денеска загина пешак на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, зад воланот на возилото марка БМВ била мајката на загинатата Јелена Филиповиќ – девојката чии фотографии на билборди осамнаа пред скопскиот кривичен суд со напис „Возев пијан и дрогиран, ја убив Јелена“.
Како што дознава „Слободен печат“, обвинител од ОЈО Скопје извршил увид и презема дејства за утврдување на фактите за настанатата трагедија во близина на мостот Гоце Делчев во центарот на Скопје.
Првичните информации се дека до несреќата дошло кога автомобил марка БМВ со кумановски регистерски таблички со кој управувала Г.Ф. (42) удрил во пешак С.А. (76) кој преминувал непосредно во близина на мостот. Телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.
Крв и урина се земени од лицето што го управувало белото БМВ со кумановски регистарски таблици, за да се испита дали имало алкохол или дрога, а прегледан ќе биде и автомобилот.
Се обидовме да ја контактираме Гордана Филиповиќ, но нејзиниот телефон е исклучен. Мајката на Јелена, Гордана Филиповиќ за „Слободен печат“ сведочеше за својата семејна голгота откако нејзината ќерка загина во сообраќајката. Гробот на ќерка и беше осквернавен и отворен, според полицијата за да биде украден златен накит, а според мајката како знак за заплашување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.