Пешак на возраст од шеесетина година загина во нова трагична сообраќајка што се случи вечерва во скопската населба Волково.
Според информациите на „Слободен печат“ човекот починал на лице место, а во тек е увид на местото на несреќата. Како се случила сообраќајката повеќе информации се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.



