Нова функција за управување со апликации во Windows 11

Windows 11 конечно воведе мала, но практична функционалност, која беше најавена уште во 2023 година. Оваа функција беше тестирана во пробните верзии на системот, но сега е официјално достапна за сите корисници. Таа овозможува исклучување на замрзнатите апликации директно преку иконата на апликацијата на долната лента, што е карактеристика што повеќето конкуренти ја поседуваат.
Досега, корисниците мораа да ја отворат Task Manager апликацијата, да го пронајдат соодветниот процес од апликацијата и да го прекинат со притискање на „End task“. Иако овој процес не е премногу сложен, новата можност за „End task“ преку долната лента на Windows 11 го прави системот поудобен и практичен.
Оваа функција по подразбирање не е вклучена и е скриена во делот наменет за програмери, во Settings > System > For Developers. Тука постои опција за вклучување на End Task функцијата, по што ќе се додаде во менито со десен клик на апликациите на долната лента.
Оваа новина, со оглед на нејзиното место кај програмерските прилагодувања, претставува опција за понапредните корисници. Исклучувањето на апликации на овој начин носи ризик од губење на незачуваната работа, но кога апликацијата се закочи, ова сепак може да се случи.
The post Нова функција за управување со апликации во Windows 11 appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: