Новинарите на BBC следната недела во штрајк

Новинарите на британската медиумска куќа BBC најавија дека од понеделник, 18 февруари, ќе стапат во штрајк поради најавените отпуштања на работниците.

Националната унија на новинарите (NUJ) потврди дека штрајкот ќе се одржи во цела Велика Британија, доколку BBC не се согласи да ги прекине принудните отпуштања на работниците.
 
Оваа организација најави дека кон крајот на седмицата во знак на протест ќе покренат `намалување на работата`.
 
Останатите работнички синдикати на BBC сè уште не се огласија за штрајкот.
 
Претставник на британската медиумска куќа изрази разочарување од најавениот штрајк.
Макфакс
Новинарите на британската медиумска куќа BBC најавија дека од понеделник, 18 февруари, ќе стапат во штрајк поради најавени

Пронајдете не на следниве мрежи: