Новинари открија буриња со радиоактивен отпад на дното на Ла Манш

Речиси 30.000 буриња со радиоактивен отпад од пониско ниво на зрачење открија деновиве новинарите на германски SWR на дното на каналот Ла Манш, кој ги разделува Велика Британија и Франција.Складиран во околу 28.500 буриња, отпадот се наоѓа таму од 60-тите години на минатиот век, а најмногу го фрлала Велика Британија, и во помала мерка Белгија. Прашање е дали ова е единствениот ваков отпад во околината.Десет илјади буриња се наоѓаат на само неколку километри од брегот на Франција на длабочина од 124 метри.Новинарите до откритието дошле користејќи наведувачка подморница без посада.Откритието ги навело политичарите од партијата на зелените да побараат отстранување на отпадот поради стравот дека бочвите се трули и дека радиоактивниот отпад може да истече во водите на океанот.За утеха германски и француски стручњаци испитале дека се уште не е забележано истекување на отпад.Слична изјава даде и германската Федерална поморско-хидрографска агенција која последен пат го контролирала ла Манш во 2009 година.
МакфаксРечиси 30.000 буриња со радиоактивен отпад од пониско ниво на зрачење открија деновиве новинарите на герм

Пронајдете не на следниве мрежи: