Новинарка на Тиме шокирана после интервјуто со Ванковска

Не успеав да го чујам Иванов, зошто бев на интервју со новинарка на лондонски Тајмс, кое траеше 1,5 час. Жената на крај се извинуваше што не ги знаела сите клучни нешта за Договорот и за референдумот. На моменти беше шокирана, а на крај призна дека моите аргументи се не само валидни и ненационалистички, туку и во линија со она што се нарекува европски вредности.
They should be on your side – беше нејзиниот заклучок. 
П.С. Сега го изгледав обраќањето на Иванов. Одличен говор, иако можеби задоцнет. Но, не можам да им се начудам на новинарите кои велат дека говорот бил скандалозна злоупотреба на говорницата на ОН! А не им е скандалозно што не третираат како лабораториско заморче веќе 27 години? Не им е скандалозен Договорот? Не им е скандалозен овој генералисимус во Крушево? Ајде таму!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.