Новиот сој од птичјиот грип се прошири на уште едена покраина

Вирусот на птичјиот грип H7N9 се проширил во неделата на уште една кинеска покраина, објави кинеската официјална новинска агенција Синхуа, откако се регистрирани два случаја на заболени во покраината Хенана, западно од жариштето на болеста.

 „Двата нови случаи се регистрирани во неделата во Хенан, во централниот дел од Кина”, се истакнува во информацијата на агенцијата. До саботата присутноста на новиот сој на вирусот на птичјиот грип означен со H7N9 меѓу луѓето официјално беше ограничена на три покраини на истокот од Кина, во Жеџијанг, Џиангсу и Анхуи, и на областа на источниот мегалополис Шангај.
Меѓутоа, во саботата беше забележан и во главниот град Пекинг, каде што властите соопштија дека вирусот е откриен кај седумгодишно девојче, ќерка на трговец со живина, којашто е хоспитализирана. Нејзината состојба е стабилна во неделата, соопштија градските здравствени власти. Откако пред две седмици беше објавена информацијата за првиот случај на заразување на човек со вирусот H7N9, болеста е дијагностицирана кај 51 човек, од кои 11 починале.
Пред овие случаи кои неодамна се забележани во Кина, сојот на вирусот на птичјиот грип H7N9 не се пренесуваше ниту на човекот, ниту од човек на човек. Како и кај најраширениот со H5N1, научниците стравуваат дека поради мутација на вирусот, болеста би можела да се пренесува од човек на човек, што може да предизвика пандемија.
На почетокот од седмицава во извештајот на Светската здравствена организација (СТО – WHO) објавен во седиштето во Женева, беше наведено дека се регистрирани повеќе од 530 блиски контакти со 21 лице заразено со спомнатиот сој на вирус, како и дека нивната ситуација постојано се следи. „Засега немаме никакви докази за пренесување на овој сој на вирусот од еден човек на друг”, се потенцира во соопштението на Светската здравствена организација.
Makфакс
Вирусот на птичјиот грип H7N9 се проширил во неделата на уште една кинеска покраина, објави кинеската официјална новин

Пронајдете не на следниве мрежи: