Новиот филм за Џејмс Бонд за три години

Филмското студио MGM објави дека очекува оти новиот филм за тајниот британски агент со „лиценца за убивање“ Џејмс Бонд ќе се појави во кината за три години и се надева дека наскоро ќе може да го објави името на режисерот кој ќе работи на филмот имајќи предвид дек Сам Мендес одлучил да работи нешто сосема друго.Во текот на конференцискиот разговор со потенцијалните инвеститори, челникот на студиото MGM, Гери Барбер рекол дека студиото работи на сценарио на 24-от филм за славниот легендарен шпион.„Во моментов работиме на сценариото…, очекуваме наскоро да потпишеме договор со режисерот. Се надеваме дека филмот ќе биде премиерно прикажан по три години“, рекол Барбер.Тој не зборувал за изборот на главниот актер, меѓутоа Даниел Крејг веќе има договор за идните два филма за „агентот 007“.Најновиот филм за Џејмс Бонд, „Skyfall“ досега заработи 1,1 милијарда американски долари, меѓутоа британскиот режисер Сам Мендес на почетокот од март изјави дека сака да се концентрира на работата во театарот. Бербер рекол дека Мендес направил извонредна работа на „Skyfall“.
МакфаксФилмското студио MGM објави дека очекува оти новиот филм за тајниот британски агент со „лиценца за убивање

Пронајдете не на следниве мрежи: