Новиот HTC ONE – нова перспектива на смартфоните

Компанијата HTC, глобалниот лидер во мобилни иновации и дизајн, во вторникот го промовираше својот нов врвен смартфон, новиот HTC One.Извајан во впечатливо алуминиумско компактно тело во zero-gap технологија, новиот HTC One ги воведува HTC BlinkFeed, HTC Zoe и HTC BoomSound, клучни нови иновации на HTC Sense со кои го редизајнира мобилното искуство и поставува нов стандард за смартфони.„Луѓето денес се нурнати во постојан проток на ажурирања, вести и информации. Иако смартфоните се еден од главните начини да останеме во контакт со луѓето и информациите што ни се важни, конвенционалните дизајни не успеаја да одржат чекор со начинот на кој луѓето навистина ги користат,“ изјави Питер Чу, главниот извршен директор на корпорацијата HTC.„Потребен е нов, возбудлив пристап кон смартфоните, а со новиот HTC One, ние одново од корен го креиравме мобилното искуство така што ја одразува оваа нова реалност“, дополни челникот на HTC.Во самиот центар на искуството со новиот HTC One е HTC BlinkFeed, кој претставува смело ново искуство што го трансформира домашниот екран во единствен проток во живо на релевантни лични информации, како што се општествените новости, новости од светот на забавата и стилот на живеење, вести и фотографии со виртуелно реални слики, така што нема веќе потреба да се оди на засебни апликации за да се дознае што се случува.HTC BlinkFeed ги сумира најновите содржини од најрелевантните и најинтересните извори, претставувајќи им ги на луѓето веднаш и на едно место, без потреба да се менуваат бројни апликации и вебсајтови.За да се овозможи ваков нов динамичен пристап на смартфоните, HTC ќе обезбедува локални и глобални содржини од 1.400 медиумски извори со над 10 илјади статии дневно, од дел од најиновативните медиумски компании, како што се семејството на медиумски компании на AOL, ESPN, MTV, Vice Media, CoolHunting, Reuters и многу други.Револуционерната камера HTC UltraPixel, како дел од најновиот модел, го редефинира начинот на кој луѓето ги сликаат, ги оживуваат и ги споделуваат своите најскапоцени моменти. HTC Zoe овозможува да се сликаат фотографии со висока резолуција што оживуваат во фрагменти од три секунди. Овие Zoes фотографии и видеа, потоа можат да се прикажуваат на уникатен начин што ја оживува галеријата и ја трансформира традиционалната фото-галерија од неподвижни слики во подвижна галерија на спомени. Исто така, автоматски креира интегрирани филмови од значајните моменти од секој настан составен од Zoes, фотографии и видеа, со придружна музика и професионално дизајнирани резови, премини и ефекти. Овие видеа со најзначајните моменти можат да се премиксуваат или да се постават со различни теми, како и лесно да се споделат преку социјалните мрежи, електронска пошта или преку други услуги.За да се овозможи ова иновативно искуство, HTC разви камера по нарачка што ја вклучува најдобрата бленда од оваа класа со f/2,0 и револуционерниот сензор со UltraPixels што собира 300 проценти повеќе светлина од традиционалните сензори на камерите на смартфоните. Овој нов пристап, исто така, нуди неверојатни перформанси при слаба светлина и мноштво други подобрувања на сликата и на видеото. Покрај тоа, за совршен self-portrait или видео потребен е само еден допир за да се активира предната камера со ултра-широк агол и со 1080 пиксели. Мултиаксијалната оптичка стабилизација на сликата, и за предната и за задната камера, исто така помага да се обезбеди помазна видео снимка независно дали е во движење или не. Камерата HTC UltraPixel додава многу нови карактеристики и ефекти, како што е унапредената панорама 360˚, временското секвенцирање и отстранувањето на објект.Новиот HTC One го нуди и едно од најдобрите аудио доживувања од сите мобилни телефони присутни во моментов на глобалниот пазар. HTC BoomSound првпат на кој и да е модел телефон воведува предни стерео звучници со свој засилувач и со неверојатен full HD дисплеј што ги нурнува луѓето во музика, видеа, игри и во клиповите на YouTube,.што тие ги сакаат. Интегрирањето на Beats Audio е овозможено низ целокупното доживување, што овозможува богат, автентичен звук независно дали ја слушате вашата омилена музика, гледате видео на YouTube или играте игра.Снимањето HDR користи дуални микрофони и аудио процесирање за да се фати чист, богат звук достоен за HD видео снимка. Телефонските повици звучат одлично на HTC One благодарение на вклучувањето на HTC Sense Voice што ја засилува јачината и квалитетот на повикот во бучни средини така што разговорите се слушаат гласно и јасно.Алатката HTC Sense TV го трансформира новиот HTC One во интерактивен програмски водич и далечински управувач за повеќето телевизори, STB и приемници. Искористувајќи го ткн  облак, Sense TV овозможува едноставно и интуитивно да се види што се дава, како и да се пронајде омиленото шоу.Обвиен во компактно алуминиумско тело и со zero-gap технологија, како и со брилијантен 4,7 инчен екран со Full HD (1080p), новиот HTC One го користи најновиот оперативен систем Android Jelly Bean и мрежната технологија LTE со што нуди молскавично брзо прелистување во пакување што комбинира врвен дизајн со револуционерен квалитет на производство.Достапен е во впечатлива сребрена и прекрасна црна боја, елегантното и извајано компактно алуминиумско тело удобно лежи во раката и ја изложува уникатната антенска технологија на HTC, која овозможува да се добие кристално чист сигнал. Дисплејот е исто така отпорен на гребнатинки и го намалува отсјајот, притоа нудејќи неверојатна резолуција од 468ppi и богати, природни бои.Новиот HTC One ќе биде глобално достапен преку над 185 мобилни оператори и главни малопродажни агенти во над 80 региони и земји почнувајќи од март.
МакфаксКомпанијата HTC, глобалниот лидер во мобилни иновации и дизајн, во вторникот го промовираше својот нов врвен сма

Пронајдете не на следниве мрежи: