Новите правила за професионален успех

Развивајте ги вашите технички способности. Вие едноставно не можете да си дозволите да кажете дека не ви оди математика или пак, дека не се разбирате во техничките работи. Доколку сакате да успеете во вашата кариера, без разлика за која станува збор, потребно е што повеќе да си ги завршувате работите сами, а што помалку да барате помош за тривијални нешта кои не се поврзани со вашата работна задача од оние над и околу вас.

Инвестирајте време во себе. Старото правило на оваа тема гласеше: „Дипломата вреди.“ Но, во денешно време универзитетите се исклучително скапи и не нудат скоро никаква гаранција дека потоа ќе ви донесат работа. Од друга страна, постојат многу бесплатни курсеви кои можете да ги посетувате онлајн, многу статии кои можете да ги прочитате во секое време, како и многу ефективни видеа на Јутјуб од кои можете да научите многу. Комбинацијата на овие 3 нешта можат да ви помогнат да ги стекнете потребните вештини и полека да се впуштите во вашата нова кариера без притоа да вложите непотребно многу пари во вашето образование.

Научете да играте тимски. Индивидуалната иницијација може лесно да биде засенета од тимскиот труд. Но, за тоа да се постигне, членовите на тимот мора да научат како да ги искажат своите несогласувања на тактички начин, како и да бидат трпеливи и активно да се слушаат во текот на целиот процес.

Комуникација. Никогаш не ја потценувајте добрата комуникација. Таа е клучот за успех во сите полиња од вашиот живот. Секогаш давајте фидбек за завршената работа, така што ќе внимавате да не претерате ниту со позитивните, ниту со негативните коментари со цел да ја задржите рамнотежата на работното место.

Не заборавајте на трите крајни цели. Во старото време, крајната цел беше профитот. Но, со оглед на тоа што во денешно време постојано се зголемуваат процентите на работните места, постојат 3 крајни цели: профит, луѓе и планета. Имајте ги на ум сите овие нешта кога донесувате одлуки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.