Нови банкноти од 10 и 500 денари-со новото име на Народна банка

Со одлуки објавени во “Службен весник“ потпишани од гувернерката Анита Ангеловска-Бежовска, банкнотите од 10 и 500 денари ќе го добијат новото име на Народната банка. Имено, “Народна банка на Република Македонија“, се заменува со зборовите “Народна банка на Република Северна Македонија“.
Банкнотите со новото име на државава, Република Северна Македонија, ќе се печатат сукцесивно од следната година, а старите ќе имаат важност од пет години или се додека не се повлечат од промет.
НБРСМ поради комплексноста на постапката треба да направи анализа и план на неопходните активности за постепена замена на банкнотите, со оценета временска динамика, во рамките на редовните нови емисии, водејќи сметка за макроекономската стабилност.
Првите нови банкноти со новото име на Народната банка би можеле да бидат изготвени на почетокот на 2020-та година и потоа, сукцесивно, да бидат целосно заменети најдоцна во рок од 5 години од отварањето на релевантното ЕУ поглавје.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: