четврток, 12 ноември 2026
Најново

Нови врнежи од снег, температурите под нулата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Претпладнето се уште ќе има повремени врнежи од снег во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус 7 до 2, а дневната од 2 до 10 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 1, а дневната ќе достигне до 7 степени.
До сабота утринските температури во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под нула, но се очекува на места да се задржи снежната покривка. За време на викендот ќе има локален дожд.

Поврзани вести