Нови детали од истрагата за терористичкиот напад во Истанбул

Во тек е истрагата на Обвинителството во Истанбул за терористичкиот напад на 13 ноември во кој загинаа 6 лица, а 81 беа ранети. Откриени се нови детали од истрагата за терористичкиот напад извршен во неделата на улицата „Истиклал“, во Бејоглу, Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во тек е истрагата на Обвинителството во Истанбул за терористичкиот напад на 13 ноември во кој загинаа 6 лица, а 81 беа ранети.

Тимовите на полициската управа во Истанбул соопштија дека ги знаат деталите во врска со Ферхат Хабеш, сопственикот на фирмата и куќата во која четири месеци престојувале терористката Ахлам Албашир и пребегнатиот осомничен Билал Хасан.

Братот на Хабеш бил дел од терористичката организација ПЈД/ЈПГ и претходно бил уапсен поради поврзаност со терористите, а бил неутрализиран во акција на турските воздухопловни сили.

Врз основа на сведочењето на Амар Јаркас, кој по нападот му помогнал на Билал Хасан да избега во Едрене, безбедносните екипи организирале акција и во тој град од слобода го лишиле Хусеин Ѓунеш, кој го пречекал осомничениот во Едрене.

Уапсениот Јаркас во изјава за полицијата рекол дека на денот на нападот влегол во возилото на Билал во 16:15 часот. Зел куфер и бела торба од деловен објект и тргнале на пат.

Нови детали од истрагата за терористичкиот напад во Истанбул

Јаркас раскажал дека додека патувале, во текот на два часа, осомничениот постојано го користел мобилниот телефон.

„Ме извести дека ќе нѐ пречека лице за кое мислев дека се вика Хамза, а тоа беше Хусеин Ѓунеш. Го оставив Билал кај Хусеин Ѓунеш. Кога одев за Едрене, ми се јави Халил Менџе и рече дека треба итно да се земе една жена и да се чека до вторник“, изјавил Јаркас.

Тој додаде дека го известил семејството за тоа.

„Кога се вратив од Едрене, во куќата беа Ахмет и неговото семејство, мајка ми и татко ми и Ахлам Албашир која никогаш претходно ја немав видено. Прашав која е таа и ми рекоа дека тоа е жената за која ми зборуваше Халил Менџе, дека е во тешка ситуација и дека треба да чека до вторник, потоа вие дојдовте“, рече Јаркаш.

По сведочењето, полициски екипи организирале акција и го уапсиле Хусеин Ѓунеш.

  • Фалсификуван венчален лист –

Во текот на истрагата, полициските тимови во Истанбул пронашле фалсификуван венчален лист за Ахлам Албашир и Билал Хасан.

Во документот се наведува дека двајцата наводно се венчале во Алепо во присуство на сведоци.

Истрагата на безбедносните сили е во тек.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.