Израелските воздухопловни сили (IAF) објавија дека спроведуваат нов бран напади во Техеран и наведоа дека целите се наоѓаат во срцето на градот.
Војската тврди дека ИАФ извршиле големи напади во текот на изминатиот ден за да воспостават воздушна супериорност и да го отворат патот кон Техеран.
Израелската војска (ИДФ) во недела наутро објави дека фрлила над 1.200 бомби врз ирански цели од почетокот на војната.
Во саботата навечер, Израелските одбранбени сили соопштија дека над 200 авиони погодиле 500 ирански цели.
„Али Хамнеи беше цел на прецизна, голема операција спроведена од израелските воздухопловни сили, водена од точни разузнавачки податоци на ИДФ, додека беше во својот централен команден комплекс во срцето на Техеран, каде што беше со дополнителни високи функционери“, се вели во соопштението на армијата.
Војската тврди дека Хамнеи, кој е врховен лидер од 1989 година, „бил директно одговорен за насилната репресија врз иранските граѓани во текот на многу години“.
„Хамнеи беше архитект на планот за уништување на Државата Израел и беше познат како „главата на иранскиот октопод“, кој ги рашири своите раце низ целиот Блиски Исток и до границите на Државата Израел. Најистакната меѓу нив беше терористичката организација Хезболах. Врховниот лидер на иранскиот режим беше одговорен за терористичките напади врз Државата Израел, а крвта на многу цивили од целиот свет беше на неговите раце“, според ИДФ.
The post Нови експлозии одекнуваат во Техеран (ВИДЕО) appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



