
Состојбата е тензична. Бегалците и мигрантите во прифатниот бегалски камп “Диавата“ во близина на Солун, повторно масовно се обидоа да ги пробијат полициските блокади и да се упатат кон границата со Македонија. Полицијата употреби солзавец и шок бомби за да го спречи нивниот обид, јави дописничката на МИА од Атина.