Нови сознанија за трагедијата: Дете успеало да излезе од автобусот, се вратило да спаси член од семејството и изгорело

Сакаме да ја знаеме вистината, за да даде надеж дека нема да се повторат вакви тешки последици, вели Азем Садики, градоначалникот на Општина Студеничани, каде вчера беа погребани речиси половината од загинатите во автобуската несреќа.
Садики, зборувајќи за бугарската bTV, пренесе сведоштво на преживеаните.
-Нашата мисла е дека луѓето не загинаа од сообраќајката, туку од пожарот во самиот автобус. Имаме информации дека едно дете успеало да излезе од автобусот, се вратило да спаси член од семејството и изгорело. Оваа трагедија ако не се расветли, ќе има многу последици. Надеж е дека Бугарија е членка на ЕУ и ќе има правично истражување и тоа е барање и на фамилиите и на нас како општина, рече Садики.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.