РКЕ ја донесе својата најнова одлука која се однесува на малопродажните цени на бензините и дизелот во нашата земја.

РКЕ донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија во просек за 0,01 процент во однос на одлуката која беше донесена на 18 март.
Бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поевтинуваат за половина денар, додека Еуродизелот поскапува за еден денар.
Од ноќеска на полноќ литар Еуросупер БС-95 ќе се точи за 79 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 81 денар, додека за еден литар наточен Еуродизел ќе плаќаме 77 денари.
Од Регулаторна истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 1,048 прценти, а кај дизелот зголемување за 0,668 проценти.
Пронајдете не на следниве мрежи:



