Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08 отсто во однос на одлуката од 7.03.2025 година.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 денари по литар. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 денар по литар. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денари по литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,240 денари по килограм и сега ќе изнесува 42,261 денари.

Пронајдете не на следниве мрежи: